← Сите услуги
Ехосонографија на абдомен/простата
Ултразвучен преглед на органите во стомакот и на простатата — за болка, тегоби при мокрење и редовна контрола.
Со ултразвук на абдоменот се прегледуваат црниот дроб, жолчното ќесе и жолчните патишта, панкреасот, слезината, бубрезите и мочниот меур, а кај мажите и простатата.
Прегледот открива камења во жолчното или бубрезите, промени во структурата на црниот дроб, цисти и други формации, проширени жолчни патишта или задржување урина во мочниот меур. Кај простатата се проценува големината и се гледа дали го притиска мочниот меур — честа причина за ноќно мокрење и слаб млаз.
Лежите на грб, а на кожата се нанесува гел. Понекогаш ќе биде побарано да задржите здив на кратко, за да се видат подобро органите под ребрата. Прегледот е безболен и без зрачење, а наодот се објаснува веднаш.

Подготовка
За преглед на абдоменот доаѓајте наштесерце — не јадете 6–8 часа претходно, за да се види жолчното ќесе празно. Вода смеете да пиете. За преглед на простатата и мочниот меур потребен е полн мочен меур: испијте 3–4 чаши вода околу еден час претходно и не мокрете до прегледот. Земете ја редовната терапија со малку вода.