← Сите услуги
Судско-медицинско вештачење
Стручно вештачење по интерна медицина и кардиологија за судски и правни постапки, изготвено од овластен судски вештак.
Судско-медицинското вештачење е стручно мислење што му помага на судот или на страните во постапка да ги разберат медицинските факти во предметот.
Вештачењето се изготвува од овластен судски вештак по интерна медицина и кардиологија. Опфаќа анализа на медицинската документација, а по потреба и преглед на лицето, врз основа на што се дава образложено мислење. Најчесто се однесува на проценка на здравствената состојба, поврзаност на состојбата со определен настан, тежина на телесна повреда, работна способност или процена на постапувањето во конкретен медицински случај.
Мислењето се изготвува писмено, со јасно образложение од кои документи и наоди произлегува заклучокот, во форма употреблива во постапката. Обемот, роковите и потребната документација се договараат однапред — јавете се за да ги дадете деталите на предметот.

Подготовка
Подгответе ја целата релевантна медицинска документација: отпусни писма, наоди од специјалисти, лабораториски и снимачки испитувања, како и претходни вештачења ако постојат. Ако вештачењето се бара во судска постапка, потребно е и решението на судот или барањето на страната. Обемот и роковите се договараат однапред по телефон.